Прилепчани, вчера гордо и достоинствено беа во Скопје да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев

Сподели го ова:
























Како што информиравме претходно, вчера се наврши точно 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, а по повод роденденот на најголемиот македонски великан голем број на прилепчани, вчера гордо и достоинствено беа во Скопје за да оддат почит на гробот на Гоце Делчев, човекот кој што својот живот го подари на највисоката кауза за слобода на својот народ. Делчев, преку своите дела си обезбеди трајно место во колективното паметење на македонскиот народ. 

Гоце Делчев е еден од најголемите македонски национални херои, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна борба, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.

Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш.  На 3 мај 1903 година откако пристигнал на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ во селото Баница Серско, војската го опколила селото и во борбата утрото на 4 мај загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.




Сподели го ова:

Слични објави