ВИДЕО – НИКОЛОСКИ ОД ПРИЛЕП: Ќе нема улица во Прилеп која што нема да има асфалт

Сподели го ова:























Александар Николоски-потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во посета на Прилеп каде беше присутен на третиот отворен ден, каде прилепските граѓани даваа идеи за општинскиот буџет за 2023-тата година.

“Ова е една нова форма на комуникација каде што сакаме покрај отчетноста односно она што се прави и за кое што се дава извештај и за што се даде извештај во сите општини каде што градоначалниците се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и исто така за следната година да проектите во рамки на можностите се создаваат заедно со граѓаните.  Можам да кажам со задоволство како носител во четвртата изборна единица, како човек кој што ги добил гласовите и тука во Прилеп дека општина Прилеп добро напредува и дека за следната година има една добра развојна програма. Морам да кажам дека ова ќе е прва година каде што целосно Буџетот ќе биде креиран од страна на новата општинска администрација”.

“Можам неколку работи да најавам, прво асфалтирање на преку 45 улици и улички во Прилеп што значи дека ќе нема улица поголема или помала која што ќе остане со дупки или во кал, односно ќе нема улица во Прилеп која што нема да има асфалт. Тоа е онашто граѓаните најмногу го посакуваат. Понатака, двата влеза и влезот од страна на Крушево, кој што треба да се направи, а исто така и влезот кој што доаѓа од оваа страна на градот би рекол кој што излегува према Плетвар и према Скопје, како и према и Македонски брод. Така што тоа е втората голема работа. А, третата голема работа е што зборуваме за неколку кружни текови во градот кои што ќе ги дискутираме и денес и утре со граѓаните. Останува заложбата за водоводни и канализациони системи, како и реновирање и подобрување на условите во неколку општински основни и средни училишта. Сето ова е предвидено со средствата кои што може да ги собере Општината во рамки на своите редовни приходи, а исто така општината планира да издаде обврзница, општинска обврзница во максимална вредност до пет милиони евра која што треба да затвори дел од крупните проекти”– истакна Николоски.



Сподели го ова:

Слични објави