ЈОВЧЕСКИ: Продолжуваме максимално посветено за поубав Прилеп

Сподели го ова:























И оваа сабота прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, заедно со својот тим ја искористи за да биде заедно со своите сограѓани, да ги слуше нивните идеи за идни проекти, како и да им помогниме за побрзо решавање на нивните барања.

“Отворен ден за граѓаните на општина Прилеп во кој повторно заедно со Претседателот на Совет, советниците, раководителите и директорите на Јавните претпријатија во собраниската сала на Општината им овозможуваме на нашите сограѓани да бидат дел од промените кои што носат подобра иднина! Сакам да се заблагодарам на денешната посета од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, како и за целокупната поддршка што ја добиваме како Локална самоуправа. Продолжуваме максимално посветено за поубав Прилеп!” – истакна Јовчески.



Сподели го ова:

Слични објави