ПРОДАНОСКИ: НОВО МЕСТО ЗА ДЕТСКА ИГРА И ДРУЖЕЊЕ ВО ПРИЛЕП
Прилеп добива уште едно современо катче наменето за најмладите.
Во населбата Типски, во непосредна близина на стадионот со вештачка трева, во завршна фаза е изградбата на ново детско игралиште кое ќе овозможи безбеден и квалитетен простор за игра, рекреација и дружење на децата.

“На новото игралиште се предвидени: гумена спортска подлога, површина со сепариран песок за играње, лулашки, лизгалки, клупи за одмор, современо осветлување и уредени зелени површини, создавајќи пријатна и функционална средина за целото семејство.
Проектот е со вкупна вредност од околу 4 милиони денари и се реализира преку Министерството за спорт, во рамките на Повикот за директна помош на општините од Владата на Република Македонија.
Продолжуваме посветено да инвестираме во проекти кои го подобруваат секојдневието на граѓаните, создаваат подобри услови за развој на децата и придонесуваат за уреден, модерен и квалитетен урбан простор” – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.


















