Два автомобили во Прилеп паркирани “на сред улица” – а колите зад нив чекаат да поминат
Информативната екипа на “СТАНИЦА.МК”, денеска “улови” една сосема невообичаена ситуација, која го блокираше сообраќајот во градот под Марковите Кули. Имено, денеска нешто пред 14 часот кај една од уличките кои е наоѓаат во близина на “Социјалните грижи” во Прилеп, сообраќајот беше попречен бидејќи на двајца возачи им текнало нивните автомобили да си ги паркираат на сред улица. Врз основа на тоа, автомобилите кои требаше да поминат по патот, беа попречени од потегот на двајцата возачи.
После неколкуте “свирки” од изнервираните возачи, еден од возачите влезе во возилото и со истото продолжи по патот, па врз основа на ова, автомобилите кои чекаа да поминат, конечно си продолжија по патот. Голем дел од граѓаните на Прилеп се надеваат дека со новиот началник на СВР-Битола, ваквата “пракса” ќе престане.