Еве каде денес ќе има прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти
Водоснабдувањето на ден 14.02.2022 ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 277л/с, од кои 232л/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 45л/с сопствени извори.Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: Александар Македонски, Цане Коњарец, Македонска / Цане Коњарец и н.м. Веселчани.