|

НЕДОСТАСУВА: Прилепскиот “Аџи Јанкула” – актерот кој душата и срцето му ги посвети на театарот

Сподели го ова:
























Еве, повеќе од една година откако Трајче Иваноски – доајенот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ не е физички присутен помеѓу нас, меѓутоа тука се спомените за актерот кој со душа и срце му беше посветен на театарот.

Иваноски како актер се вбројува во групата во најангажираните творци на прилепскиот театар. Заиграл во далечната 1965 година на сцената на прилепскиот театар а во пензија заминува во 2007 година. Со оглед дека и за пензионерските денови активно учествува во тековниот репертоар на театарот, Иваноски бележи 40-есет годишно активно искуство на сцената со приближно одиграни 300 претстави. Како што ќе запишат критичарите во неговиот богат и плоден театарски опус влегуваат поголем број на сложени и стожерни (главни) актерски ролји реализирани во дела како од домашниот репертоар, светска драмска класика, така и од современата драматургија.

Бројката на неговите главни ролји е голема а за дел од нив има добиено и престижни награди. Негови драги, главни и забележани ролји се: Ликот на Протасов во пиесата „Деца на сонцето“ Креонт во „Антигона„ Агатон во „Нажалена фамилија“ Аџи Трајко во „Бегалка“ Горчин во „Скок преку кожа“ потоа Златан во „Робот и Агата“ Евросим во „Црноборје“ Шандебиз во „Мушички во главата“ Борис поп Стафанов во „Мацедонише Цуштенде“од Јордан Плевнеш, Букара во „Хамлет од Мрдуша“, Големанов во истоимената претставата „Големанов“. Неговата драга улога на Аџи Јанкула во комедијата „Солунски патрдии“ на Миле Попоски.

Иваноски, во текот на својот живот е добитник на врвни театарски награди, кои само уште еднаш го потврдуваат неговото големо, театарско дело.




Сподели го ова:

Слични објави