Законот за бранителите ќе биде условен со решавање на статусот на УЧК
Законот за бранителите најверојатно ќе биде условен од страна на албанскиот политички блок со решавање на статусот на УЧК, меѓутоа премиерот Мицкоски потенцира уште еднаш дека македонските бранители ја имаат неговата поддршка, и обвини дека СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку го поднесуваат за да создадат повторно етнички тензии.

„Бранителите ја имале, ја имаат, и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка. Самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку го поднесуваат за да создадат повторно етнички тензии, етничка нетрпеливост, бидејќи таа ќе е картата на која што и тие и другите опозициски партии без разлика дали се од македонскиот блок или од албанскиот ќе играат во периодот којшто следи“– истакна премиерот Христијан Мицкоски.


















