Ќе се покачат ли пензиите за 20% како што бара ВМРО-ДПМНЕ??

Сподели го ова:


























ВМРО-ДПМНЕ преку Собранието бара покачување на пензиите просечно за 20%, или по 3.000 за пензионер, и повисоки плати, а од оваа партија истакнуваат СДСМ да не се крие, и да поддржи покачување. “Лошата економска политика и високите цени кои се резултат на истата ги нагриза примањата на граѓаните. Најмногу страдаат пензиите.Предлогот за покачување на пензиите за 20% или по 3.000 денари е предлог со цел да се анулираат лошите ефекти од кризата и пензионерите да не почувствуваат негативни ефекти од зголемените цени. Воедно преку амандман на Законот за минимална плата ВМРО-ДПМНЕ бара усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средни училишта ќе достигнат до 45 илјади денари, а покачување ќе има и за административно техничкиот персонал”-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави