Вриеше од народ! Погледнете – денеска во Прилеп слатките првачиња го преполнија Паркот на Револуцијата во Прилеп

Сподели го ова:






























Денес, на 5 октомври – Светскиот ден на учителот, со голема чест и радост го славиме благородниот повик да се биде учител, водилка и поддршка на секое дете. Учителите се темелот врз кој се градат знаењето, вредностите и иднината на секоја генерација.

Истовремено, на убавиот простор на Могилата сведочевме на еден посебен момент – свечената заклетва на нашите првачиња. Со чисти детски срца и големи соништа тие го започнаа своето патување низ светот на знаењето. За музичката програма се погрижија малите ѕвезди од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кои ја развеселија присутна публика која уживаше во годишните музички хитови. Исто така денеска имаше и одлична спортска програма во која уживаа сите присутни.

💫 Нашиот слоган денес најубаво ја одразува пораката:

„Со мали чекори кон големи соништа“ – затоа што секој мал чекор на децата е огромен скок за нивната иднина.




Сподели го ова:

Слични објави