ДО КОГА ВАКА? Скоро да нема ден во Прилеп, а да нема повреден мотоциклист
На 31.08.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Бела Црква, прилепско, М.А.(61) од Прилеп, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
По несреќата М.А. бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат од МВР.