ЖАЛОСНО: Почина малолетното девојче кое беше прегазено на самиот булевар
Младата девојка која завчера беше прегазена на булевар „Борис Трајковски“, почина на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Девојката била веднаш оперирана, меѓутоа вчера во пет часот наутро им подлегнала на повредите.
Колку за потсетување, на 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки удри во оваа малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.