Стерјовска: Посакувам успешна работа и резултати од сработеното во интерес на нашите сограѓани!

Сподели го ова:


Жената со голема визија за нашиот град-Ирена Стерјовска, која што на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ беше прва на листата за советници-односно веднаш позади денешниот претседател на советот Дејан Проданоски, беше дел од денешната прва конститутивна седница на Советот на Општина Прилеп во улога на советник. Имено Стерјовска на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ беше ставена пред се заради големата доверба која што прилепчани ја имаат во неа. Станува збор за успешна жена, мајка, сопруга, политичар, и пред се патриот кој што си ја сака својата земја и својот град. Еве што Стерјовска денес изјави на социјалните мрежи каде што самата таа има голем број на следбеници, луѓе кои што веруваат во нејзината визија за градот, за нејзините планови и проекти: “Прва конститутивна седница на Советот на Општина Прилеп.Посакувам успешна работа и резултати од сработеното во интерес на нашите сограѓани! Нека е за добро за сите!”-напиша Стерјовска.





Сподели го ова:

Слични објави