Директорот Гулабоски излезе во пресрет на “Спомен куќата Тодор Проески” во Крушево во однос на решавање на проблемот при лоцирање на појавениот дефект

Директорот на ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп Игор Гулабоски, без никакво размислување им излезе во пресрет на Спомен куќата Тодор Проески во Крушево, во однос на решавање на проблемот при лоцирање на појавениот дефект. Веднаш откако беше побарана помош од него, Гулабоски испрати екипи за да го решат појавениот проблем во Крушево. За најактуелниот информативен портал “STANICA.MK”, Директорот Гулабоски истакна дека ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп со задоволство излегува во пресрет за потребите на Националните установи, музеи и други институции кои би се соочиле со ваков проблем. Имено, Националната установа „Спомен куќа Тодор Проески”- Крушево во изминативе неколку месеци се соочуваше со дефект – истек на енормно голема количина на вода во сопствената водоводна мрежа. И покрај големите напори за утврдување на причината за големата потрошувачка на вода и лоцирање на дефектот од страна на надлежните служби проблемот не бил лоциран.
По барање на Директорката на Спомен куќата Тодор Проески – Крушево, ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп им излезе во пресрет за решавање на проблемот, односно лоцирање на дефектот.
Екипата на ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп излезе на терен и со помош на геофон и корелатор во кругот на Спомен куќата изврши лоцирање и обележување на дефект на водоводната линија ф63 после водомерна шахта.

Со тоа се реши сериозен проблем со кој се соочуваше Националната установа како од технички така и од финансиски аспект.
ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп со задоволство излегува во пресрет за потребите на Националните установи, музеи и други институции кои би се соочиле со ваков проблем.