Погледнете! “Веселите Ѕвончиња” вчера во Битола направија спектакл за паметење!
Секое дете, своја искрена сказна – безгрижно си плете…И ете, така е и во оваа наша музичка – детска бајка која што синоќа ќе се случи во Битола, во градскиот парк наспроти битолското шеталиште.
Станува збор за големиот детски музички хепенинх “KIDS MUSIC FESTIVAL”, на кој специјално за најмладата битолска публика во убавата Битола пристигнаа детските музички ѕвезди од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” – фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН – ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД!!

Настанот е дел од Битолското културно лето. Вчера популарните Весели ѕвончиња направија одличен детски музички хепенинг преку големата детска дружба, веселите детски музички хитови, кои беа вистинска релаксација за присутните битолчанчиња и нивните родители во битолскиот градски парк, бидејќи како велат – најголема релаксација за родителите е кога гледаат дека нивните деца се задоволни и среќни. А токму такви беа вчера дечињата во битолскиот градски парк, кои уживаа заедно со популарните Весели Ѕвончиња. Колку за потсетување, наредниот месец по барање на публиката, познатите Весели Ѕвончиња ќе гостуваат и во центарот на Охрид, каде на присутните туристи од целиот свет ќе им приредат незаборен детски – музички спектакл!
Весели Ѕвончиња – МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!


















