Видео: “Тајфата” подарија многу радост и љубов на прилепските дечиња со посебни образовни потреби

Сподели го ова:


























“Тајфата”, преку нивната музика, денеска ги допреа најдлабоките места во душите на децата со посебни образовни потреби при ООУ “Климент Охридски” – Прилеп. Денес, оваа музичка група покажа што значи вистинската сила на музиката – не само да создава задоволство, туку и да носи радост и љубов во светот на оние кои најмногу ја сакаат.

Вашето изненадување, песната која ја испеавте за нив и колетчињата за нова година, се повеќе од дар. Тоа е доказ за вашата емпатија и посветеност на помагањето. Благодариме што ни покажавте дека вистинската моќ е во споделувањето на радоста и љубовта. Секој акорд, секој стих е сега вечен спомен во нивните срца. Ви благодариме за вашата добрина и инспирација! – се вели во објавата на ООУ “Климент Охридски” – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави