Градоначалникот Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, присуствуваа на промоцијата на ,,Записи”- втора книга од Каролина Мицевска

Сподели го ова:


























Градоначалникот Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, вчера вечерта во кино салата во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, присуствуваа на промоцијата на ,,Записи”- втора книга од Каролина Мицевска.

“Заедно со претседателот на Совет, Дејан Проданоски, присуствувавме на промоцијата на книгата ,,Записи”, која што е втора книга од прилепската новинарка Каролина Мицевска. ,,Записи” претставува мал дел од она што Каролина го запишала во изминатите 30 години преку репортажи, интервјуа и други текстови за Прилеп и за луѓе кои придонесле за градот и верувам дека овие одбрани новинарски текстови ќе се читаат со задоволство. Искрено посакувам уште многу вакви успеси” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави