Златни деца! И дечињата од ЈОУДГ „Наша иднина“ беа дел од „Генералка викенд 2025″
Акцијата „Генералка викенд 2025“, што денес се одржа на локацијата Вештачко езеро, беше поддржана и од најмалите – дечињата од ЈОУДГ „Наша иднина“.
“Веруваме дека промените започнуваат од најмала возраст, а токму тие се нашата иднина. Затоа со радост ја поддржавме денешната иницијатива на Општината. Децата беа возбудени што учествуваа, но и разочарани од големата количина отпад што го затекнаа” – соопштија од ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп.

Ваквите акции, во кои се вклучуваат граѓани од сите возрасни групи, придонесуваат за подигнување на еколошката свест и заштита на природата.

“Со учеството на дечињата, испративме силна порака – едукацијата за грижа кон животната средина треба да започне од најрана возраст. Низ игра и практична активност, најмалите учесници учеа за важноста од чиста и здрава околина, за одговорноста што сите ја имаме кон природата, но и за тоа како секој поединец може да даде придонес. ЈОУДГ „Наша иднина“ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува и вклучува најмладите во вакви иницијативи кои имаат едукативен и општествен карактер. Заедно, со мали чекори и голема волја, можеме да изградиме еколошки свесна и одговорна заедница” – порачаа од ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп.



















