Директорката Трпческа преку својата работа повторно го враќа оној весел сјај на прилепските градинки

Сподели го ова:
















Директорката Христина Трпческа преку својата креативна работа, повторно го враќа оној весел сјај на прилепските градинки, односно го враќа оној сјај кој го имаа градинките во времето додека таа беше директор до пред 4 години. Меѓутоа, градинките бараат силна енергија за менаџирање и применување на иновативни образовни процеси на работа, па како резултат на тоа, Трпческа веќе неколку месеци повторно е поставена на местото Директор на градинките во Прилеп. Голем е бројот на родители кои имаат само пофални зборови за оваа жена, образовен работник, менаџер, и иноватор на нови иновативно-образовни процеси за најмладите. Трпческа со години наназад е докажана личност во однос на успешно менаџирање и управување со прилепските градинки, а воедно преку своите секојдневни иновативни активности создава нови, убави весели спомени за најмладите.  Од она што како информативен портал можеме да го забележиме, е тоа дека директорката Трпческа во прилепските градинки наметнува една нова, квалитетна и посовремена организација преку која се овозможува реализирање на нејзината мисија и визија. Преку разработената менаџмент шема, Трпческа ги обединува сите современи критериуми за раководење, и воспоставува еден успешен пример за вистинско менаџирање. Оваа директорка, има и конкретна визија за ефективно и ефикасно водство, а воедно преку соодветни техники и методи на управување, самата таа ги мотивира и ги инспирира вработените во градинките да работат на најдобар можен
индивидуален и заеднички начин, се со цел да се креира остварување и реализирање на основната визија на Трпческа, а тоа е креирање на успешен процес за најмладите во општина Прилеп. Позитивните промени во прилепските градинки кои ги спроведува Трпческа претставуваат отпочнување на еден нов процес, односно отпочнување на ефикасен процес на развојно планирање. Од досегашната активност на оваа директорка, може да се забележи дека развојните приоритети на прилпексите градинки се тие кои ja претставуваат нејзината основна визија, чија цел е создавање на еден поквалитетен систем на вредности и верувања, верувања кои пред се, ќе треба да претставуваат конкретен одговор на промените што веќе ce случуваат во прилепските градинки, како и на промените кои ќе ce случуваат во
наредниот период. Како и да е, може да се заклучи дека овие креативни промени кои за само неколку месеци ги направи директорката Трпческа, даваат севкупна претстава за создавање на
динамична, современа, ефикасна и развиена детска градинка, која што успешно функционира и работи под водство на Христина Трпческа, жената која што освен како директор, се јавува и во улога на раководител, насочувач, организатор, соработник, иницијатор, поттикнувач, менаџер и креатор на нови креативни процеси за најмладите во нашиот град.

Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе што стојат и внатре







Сподели го ова:

Слични објави