Во ООУ “Добре Јованоски” продолжуваат активностите за средување на училишниот двор
Во ООУ “Добре Јованоски” продолжуваат активностите за средување на училишниот двор. Денес се засадија нови садници кои се донација од Градинарски центар „Фоја“ и се бојадисуваа клупите во училишниот двор. “Голема благодарност до Градинарски центар ФОЈА и се надеваме на понатамошна успешна соработка”-се истакнува од страна на ова основно училиште. Врз основа на ова, може да се заклучи дека Директорката на ООУ “Добре Јованоски” -Панде Николоска одлично си ја врши својата работа, и презема конкретни мерки за понатамошен развој на ова прилепско училиште.



