Саботкоски-градоначалникот на Општина Могила е избран за претседател на Совет за социјална заштита во рамките на Пелагонискиот плански регион

Сподели го ова:


Саботкоски-градоначалникот на Општина Могила е избран за претседател на Совет за социјална заштита во рамките на Пелагонискиот плански регион. По тој повод Драганчо Саботкоски се огласи на социјалните мрежи при што истакна: “Денес формиран е Совет за социјална заштита во рамките на Пелагонискиот плански регион, за планирање и развој на мрежата на социјални услуги на планскиот регион.Избран сум за претседател на Советот во чиј состав влегуваат деветте градоначалници од Пелагонискиот регион и директорите на центрите за социјална работа од: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево.Денес ја одржавме и втората седница на Совет за развој на Пелагонискиот плански регион на која беше усвоен годишниот финансиски план на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2022 год. и акцискиот план за реализација на програмата за развој на Пелагонискиот плански регион”-истакна Саботкоски.





Сподели го ова:

Слични објави