ЈОВЧЕСКИ: Запоставените проблеми ќе ги решаваме заедно со вас граѓаните исклучиво во Ваш интерес
Со свои екипи и работна механизација денес ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп започна со работни активности пред подрачното основно училиште „Климент Охридски“ во населеното место Мажучиште. Како што истакна денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовлески, денес беше извршено чистење на засипан и нефункционален канал за атмосферска вода од пред влезот на училиштето до постоечкиот канал, каде што беше изведен пропуст на патот со цевки Ф-300 во должина од 12 метри. Во наредниов период заедно со ЈКП „Комуналец“ ќе се изврши расчистување и партерно уредување на училишниот двор. Запоставените проблеми ќе ги решаваме заедно со вас граѓаните исклучиво во Ваш интерес.


