|

Градоначалникот Јовчески со моќна порака за вечерашниот фудбалски натпревар помеѓу Италија и Македонија

Сподели го ова:
















Македонскиот фудбалски национален тим вечерва во Палермо ќе го одигра историскиот прв натпревар во еден бараж за пласман на светски фудбалски шампионат, при што како противник на македонската репрезентација е актуелниот евопски шампион-Италија. Вечер е вистински спектакл, спектакл за патриоти, и за сите оние кои си ја сакаат нашата земја, а меѓу нив е и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој со страсно срце секогаш-искрено од душа навива за нашата земја. Поради своите континуирани обврски и посветеност кон Прилеп и прилепчани, Јовчески не беше во можност да го напушти Прилеп и да го гледа натпреварот во живо на стадионот  „Ренцо Барбера“ во Палермо каде што ќе се одигра вечерва овој фудбалски меч, меѓутоа како и да е, прилепскиот градоначалник денеска ќе биде во Прилеп каде што македонската фудбалска репрезентација ќе ја поддржи со чисто, искрено-патриотско срце. По повод вечерашниов фудбалски натпревар, Градоначалникот Јовчески упати јасна, кратка, прецизна и моќна порака до прилепчани-при што порача: “Да ѝ посакаме среќа и успех на Македонската фудбалска репрезентација! Обединети да покажеме како се сака Македонија!-порача Јовчески.

Можно е да е слика од 6 луѓе и текст

Натпреварот започнува вечерва во 20:45, а селекторот на Македонската Фудбалска Репрезентација за медиумите изјави: “Знам дека Македонија има и квалитет и потенцијал во блиска иднина да бидеме многу поблиску до европскиот крем на начин како што доликува за македонскиот репрезентативен фудбал. Немам дилеми околу составот и се надевам дека само дека сите ќе бидат подготвени за историскиот предизвик“-истакна селекторот Благоја Милевски







Сподели го ова:

Слични објави