ЈОВЧЕСКИ: Валкањето и уништувањето според мене никогаш нема да претставуваат некаква алатка за подобрување на било каква политичка ситуација

Сподели го ова:


“Општинската зграда е лицето на градот Прилеп! Прилеп не смее да има епитет на нечист град!”-со оваа парола Општина Прилеп и граѓаните ја чистат Општинската зграда. Основната цел е враќање на нејзиниот сјај-точно онака како што беше претходно, бидејќи Општинската зграда е лицето на градот Прилеп. По повод денешната акција на која се приклучија голем број на прилепчани, еве што за медиумите изјави градоначалникот Јовчески:

“Сакам да се заблагодарам на сите присутни кои што зедоа учество во оваа добронамерна акција за чистење на општинската зграда. Целта е една и единствена, како што веќе и споменав вчера во поканата на социјалните медиуми: Општинската зграда е лицето на нашиот град Прилеп, а лична заложба во мојот мандат ќе биде Прилеп да го врати епитетот на најчист град во Република Македонија”-истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави