Детски музички спектакл во НУЦК Марко Цепенков + циркуски точки, магионичари, кловнови што одат на раце, магичниот спајдермен + подарок за секое дете!

По 5-ти јубилеен пат во Прилеп-Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2023. Во петок на 28.04.2023 година со почеток во 11:00 и 18:00 часот, НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп ќе биде местото каде што по петти пат ќе се се одржи фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”. Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче Ве кани да се сликате и дружите со него, и да ги слушнете премиерно најновите музички хитови од најновото петто фестивалско издание “Весели Ѕвончиња-by JANA”-Прилеп 2023.
Специјални гости на фестивалот ќе бидат магионичари, кловнови што одат на раце, “магичниот спајдермен” и други циркуски точки кои за прв пат ПРЕМИЕРНО ќе бидат изведени во Прилеп.
Веселото Ѕвонче на секој посетител ќе му подари специјален подарок од “Ladna Voda”. Како и претходните години, така и оваа, фестивалот ќе понуди 15 ново-компонирани детски музички песни кои што ќе ги испеат деца од 4 до 14 години од неколку градови од Македонија, меѓутоа најголемиот број – како и секоја година ни доаѓаат од Прилеп.
Цената на влезниците е 150 денари, и истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 10.04.2023 година во 18 часот. Влезниците за овој нај-актуелен детски музички фестивал ќе може да си ги набавите во: Игротека “Моја Бајка” (кај Димо наредникот-во близина на Матадор), “Игротека Jim Jam”-во Точила, Игротека “Бамби”-кај уредот, како и во “Игротека Disney-Дизни”-зграда Табана. Резервации на билети 24/7 на 078/ 66-77-97
Петта година по ред –Ве каниме сите Вас… Бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и дојдете заедно да се дружиме, сликаме и пееме со распеаното Весело ѕвонче на најновото четврто фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2022.