Прилепскиот градоначалник и министерката за труд и социјална политика извршија увид на објектот од градинката во населбата Точила

Сподели го ова:


























Денес, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со министерката за труд и социјална политика извршија увид на објектот од градинката во населбата Точила.

Од наша страна како Локална самоуправа обврските се комплетно и уредно завршени. Тоа значи дека комплетната сума од над 133 милиони денари која што почнавме да ја исплаќаме од нула, етапно и плански се исплаќа, а се работи и на оградниот ѕид кој што не знаеме од кои причини не бил предвиден со првичниот проект. Останува на изведувачот да ги исправи сите недостатоци и пропусти во делот на градежно-занаетчиските работи внатре во објектот. Морам да истакнам дека исто така од суштинско значење е и потребата од персонал, односно давање на потребната согласност од Министерството, за околу 40 лица неопходен персонал, за да може оваа градинка непречено да функционира и да згрижи околу 250 деца, со што ќе ја релаксираме листата на чекање за упис во останатите објекти на градинката Наша Иднина од Прилеп. Воедно ја посетивме и градинката во населбата Бончејца каде што се вклучивме и во активностите на најмладите, карактеристични за овој предпразничен период и им ги честитавме Велигденските празници – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави