Секоја чест! “Центар за култура”- Битола собра над 3500 посетители за само 5 дена на фестивалот “Музика од светот”
Да! Токму така! “Центар за култура”- Битола собра над 3500 посетители за само 5 дена на фестивалот “Музика од светот”.
“Енергијата, возбуда и љубовта кон музиката што ја споделивте со нас го претворија ова издание на Фестивалот на музика од светот во едно од најнезаборавните досега. Со настапот на феноменалната Гамазда, симболично ја спуштивме завесата. Нејзиниот силен музички израз и современ пристап беа совршеното финале што го заокружи духот на фестивалот – музика што поврзува, инспирира и обединува. Искрена благодарност упатуваме до Министерство за култура / Ministria e Kulturës што овозможува фестивалот постојано да расте. Голема благодарност до Општина Битола – официјална страница, нашиот верен партнер и домаќин. Тука се и нашите огромни благодарности до Народен театар Битола, Културно-информативниот центар, до сите медиуми, фотографи, видеографи, како и до здравствените служби кои се грижеа сè да помине беспрекорно. Посебно признание до сите вработени во Центарот за култура – од администрација и организација, до логистика, протокол и безбедност. Благодарност до сите кои тивко, несебично и професионално придонесуваат зад сцената. Огромно браво до техничката екипа – луѓето кои ги претвораат идеите во звук, светлина и ефекти, создавајќи вистинско доживување секоја вечер. И најважно – благодарност до публиката. Вие сте срцето на фестивалот. Се гледаме следната година со нови звуци, нови гости и истиот незаменлив дух на светската музика. Фестивалот е затворен — но магијата продолжува во сите нас” – известуват од битолскиот Центар за култура.

фотографии/ FB страна Центар за култура – Битола















