Честитки! Универзитет Скопје е меѓу 100-те најдобри во светот во студиските програми за туризам
Светската туристичка организација на Обединетите Нации упати искрени честитки до Универзитет Скопје за обновената акредитација на Факултетот за туризам за додипломски и постдипломски студии.
УTМС е единствениот Универзитет од Македонија член на оваа престижна институција.
По извршената евалуација, проф.д-р Антонио Карлес неодамна порача дека Универзитет Скопје е меѓу 100те најдобри во светот во студиските програми за туризам! – известуваат од УТМС – Скопје.
















