Денес е светскиот ден на науката-УКИМ ќе го одбележи онлајн во свечената сала за седници

Сподели го ова:


Денеска, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во свечената сала за седници ќе го одбележи онлајн Светскиот ден на науката за мир и развој. На денешниот настан ќе се одржи и панел на тема:  „УКИМ во интернационални рамки“ и промовирање на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при УКИМ. На денешниот настан свое обраќање ќе има ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, а на настанот денеска ќе бидат промовирани добитниците на годишните награди за најдобри научници и уметник на Скопскиот универзитет за 2020 година и тоа во сите научно-истражувачки подрачја и уметности. Имено, денеска исто така ќе биде и промовиран добитникот на плакета за особен придонес во развојот на научноистражувачката дејност на Универзитетот. Станува збор за признание во однос на објавени  најголем број научни публикации индексирани во базата на Web of Science во изминатата деценија 2011-2020 и придонес за афирмација на Универзитетот-како во земјата, така и во странство.





Сподели го ова:

Слични објави