РЕКИ ОД НАРОД ДЕНЕСКА НА СВ.БЛАГОВЕШТЕНИЕ: “Стара црква” – Прилеп со божествена литургија ја одбележа својата црковна слава

Сподели го ова:


























Денеска, го славиме Светото Благовештение кон Пресветата Мајка наша Богородица, а воедно и храмовиот празник на нашето прилепското духовно светилиште – црквата св. Благовештение – Прилеп. Уште од рано утрото, во овој прилепски црковен храм имаше Божествената Света литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, нашиот Митрополит г. Петар.

Нека ни е за многу години Светото Благовештение, што воедно е и храмова слава на овој наш преубав храм. Да ја молиме Пресветата Мајка Богородица, да се застапува пред Христа, за прилепчани и целиот македонски народ. Денес со Светата Архиерејска литургија, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство нашиот Митрополит Петар, во сослужение на Преосвештениот Епископ Никола и бројно свештенство. Митрополитот Петар благоволи да го ракоположи во еромонашки чин Јоаким Мрмачоски, а да го ракопроизведе во ипоѓаконски чин Александар Бошкоски. Нека е за радост на ангелите и победа над демоните. НА МНОГАЈА ЛЕТА! – истакнаа од прилепскиот црковен храм “св. Благовештение” – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави