Вечерва во прилепскиот театар, премиера на театарската претстава „ПО ИМЕ ГОСПОДИН“
Вечерва во прилепскиот народен театар со почеток во 20 часот, ќе биде одржана премиерата на театарската претстава „ПО ИМЕ ГОСПОДИН“ во режија на Борис Василески.
Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија: Ненад Тонкин
Костимографија: Марта Дојчиновска
Музика: Серафим Чернит
Дизајн на светло: Бобан Смилкоски
Играат:
ГОСПОДИН – Димитар Ѓорѓиевски
АНЕТА, МАЈКАТА – Даниела Иваноска
ЕНДИ, КАРЛ ЕНГЕРЛИНГ, ПРВ ИСЛЕДНИК – Михајло Миленкоски
НОРБЕРТ, ХАЈО – Дарко Карбески
СИЛВИЈА, ВТОР ИСЛЕДНИК – Наталија Ристеска
Инспициент: Елена Иваноска
Суфлер: Лилјана Батлеска
Тон мајстор: Томе Темелкоски
Светло мајстор: Ристе Гркоски
Светло оператер: Бобан Смилкоски
Сликар исполнител: Пеце Ристески
Реквизитер: Гоце Тодороски
Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер: Даринка Богоеска
Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски
**************************************
Идејата да се отфрлат општествените правила и да се живее живот надвор од капиталистичките и потрошувачки рамки – и тоа денес, во Западниот свет – тоа, за волја на вистината, се граничи со апсурд. Но за Господин, апсурдни и бесмислени се бесконечните наметнати потреби и норми на денешното живеење кои ги трошат и ги обезвреднуваат нашите животи. Преку глава му е од сѐ, па решава да се ослободи, да живее едноставно и да достигне апсолутна индивидуална слобода и независност, надвор од „капиталистичката работничка мелница“. Ниту прифаќа да работи, ниту да користи пари. Неговата идеја е радикална, но тој не гледа друга можност за себе. За да се издржува, во подрумот сместува еден необичен придружник – лама, која му помага да се одржува во живот без да се предаде на бескрупулозното секојдневие и материјализмот.