ЧЕСТИТКИ: Гаврил Кочоски е среќниот пронаоѓач на паричката во Прилеп
Општина Прилеп денес повторно ја продолжи традицијата која што ја започна минатата година во центарот на Прилеп.
И денеска, во духот на христијанството, прилепските граѓани симболично со парче бурек, греано вино и топол чај го одбележаа празникот Св. Василиј Велики – Василица, а најсреќен од сите беше прилепчанецот Гаврил Кочоски кој е среќниот пронаоѓач на паричката во Прилеп, и истиот од страна на Општина Прилеп беше даруван со пригоден подарок.
На ваков начин Прилеп покажа и докажа, дека е способен да ја испочитува вековната традицијата за празникот Василица, која што според обичаите во Прилеп се празнува во кругот на семејството со ставање на паричка во пита или пак тркалезно лебче.