Градоначалникот Чонески го решава долгогодишниот проблем со ѓубрето во Крушево! Од 17.12.2025 година започнува акцијата „Чист град
Од 17.12.2025 година започнува акцијата „Чист град “, во организација на Општина Крушево и МВР – ОВР Крушево.
Акцијата се однесува на отстранување на хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила и земјоделски машини оставени на јавни површини.
Прва фаза – превентивна, со поставување известувачки налепници и рок за отстранување
Втора фаза – изрекување глоби за оние кои нема да ги отстранат возилата во дадениот рок
Ги повикуваме сите граѓани навремено да ги отстранат возилата и да дадат свој придонес за почист град и поздрава животна средина















