ИЗБЕГАЛ, А ТРЕБАЛО ВО ЗАТВОР ДА ЛЕЖИ ДО 2040 ГОДИНА: Како може така лесно да избега затвореник кој требало да лежи во затвор над 20 години

Сподели го ова:
























Најавена е вонредна инспекција во затворот „Идризово“ откако доцна синоќа избега осуденик на затворска казна од вкупно 21 година. Заил бил осуден до 2040 година. Имено, затворското возило во кое се превезувал затвореникот било пресретнато од страна на сиво „Ауди“, а спроводот бил без полициска придружба!

Денеска од Управата за извршување санкции се огласија со официјално соопштение од каде соопштуваат:

-Околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка „Ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х. кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „Ауди”, се наведува во соопштението.




Сподели го ова:

Слични објави