Кузманоска: Подготвена сум за предизвиците и очекувам отворена соработка со сите за да оствариме нови цели и успеси со трајни вредности


Жените од ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле оној цврст столб на единството во самата партија, при што секогаш кога Македонија и ВМРО биле исправени пред сериозни тешки предизвици, никогаш не било доведено прашањето на која страна ќе бидат жените во оваа партија, бидејќи жените секогаш се на вистинската страна. Вечерва, Унијата на жени при О.К. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, го имаше првиот состанок со новата прилепска претседателка -Билјана Кузманоска. Имено, на вечерашната средба Кузманоска ги поздрави присутните членки, им се заблагодари за нивното присуство, а воедно исто така истакна: “Со посветена, одговорна и умешна работа да придонесеме за поуспешна и помоќна унија на жени!Подготвена сум за предизвиците и очекувам отворена соработка со сите да оствариме нови цели и успеси со трајни вредности.За нови и поголеми победи на ВМРО-ДПМНЕ!! За успешна иднина на Република Македонија!!”-истакна Кузманоска. На состанокот беше присутна и поранешната претседателка на Унијата на жени при О.К. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Ирена Стерјовска, која исто така ги поздрави жените-членки на Унијата, а воедно со искрен и многу моќен говор им се заблагодари на сите за досегашната соработка. Вечерва, Стерјовска истакна дека за време на нејзиното претседателство жeните од ВМРО ДПМНЕ заеднички и тимски издвојувале голем број на победи, и дека цел изминат период таа како претседателка и во најтешките периоди, заедно со нејзиното членство, издвојувале голем број на тешки битки. И за на крај Стерјовска потенцира дека она што е најважно за неа, е фактот што додека беше претседателка на Унијата на жени при О.К. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, во текот на целиот нејзин период создала голем број на пријателства кои траат до ден денес, и дека Стерјовска како претседател заедно и тимски со нејзиното членство сите овие години креирале голем број на политики и креативни потези во интерес на сите прилепчанки. Стерјовска, моментално е посветена на нејзината улога при креирање на програми во интерес на сите прилечани како Заменик градоначалник на Општина Прилеп, а новата Претседателка на Унијата на жени при О.К. ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Билјана Кузманоска веќе најави создавање на конкретни потези и организирање на членството во однос на подготовка на нови успешни политики за сите жени во општина Прилеп.