Кажете му збогум на комарците! Денеска Општина Крушево спроведува процес на дезинсекција
Општина Крушево ги известува граѓаните дека во среда, 22 јули, ќе се спроведе дезинсекција на територијата на Општина Крушево, со цел намалување на популацијата на комарци и други инсекти.
Се апелира до граѓаните да преземат соодветни мерки на претпазливост за време на третманот, а сопствениците на пчелни семејства навремено да ги заштитат пчелите, согласно препораките.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе во првиот нареден ден со поволни временски услови.


















