САМО ДЕНЕСКА!! БЕСПЛАТНИ ВЛЕЗНИЦИ ВО ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ
По повод светскиот ден на театарот, денеска понеделник 27.03.2023 со почеток во 19:30 часот на сцената во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, ќе биде прикажана претставата „Да инспекторе…“
Станува збор за извонредна претстава која што веќе неколку месеци ги полни салите во народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп.
Влез слободен – со претходна резервација на влезници на тел.076 442 378.
Дојдете, заедно да го одбележиме денот на театарот!