Бројката опаѓа-Во Прилеп регистрирани се само 9 нови случаеви на Ковид 19
Во последните 24 часа направени се 2.249 тестови, а регистрирани се 195 нови случаи на КОВИД-19, од кои 9 во Прилеп. Од вкупниот број на починати лица ( 3 ), кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови. Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од кои 5 се од Прилеп.