Јовчески, Гулабоски и Стерјовска будно ја следат состојбата на терен

Сподели го ова:


























Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и надвор

ЈКП “Водовод и канализација” според програмата за работа, денеска започна со работни активности. Јовчески, Гулабоски и Стерјовска будно ја следеа целокупната денешна состојбата на терен каде се започна со реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Илија Игески” во должина од 220м која се наоѓа на потегот од ул.”Мирче Ацев” до ул. “Благоја Николоски” на која има 40 приклучоци. По тој повод, прилепскиот градоначалник Јовчески истакна: “Заедно со директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп направивме увид на денешните теренски активности кои што се во интерес на граѓаните со цел непречено обезбедување на питка вода до секој корисник. Реконструкција на ул. „Илија Игески“ во должина од 220м, во која што е предвидено промена на стара азбесна водоводна мрежа која што има профил Ф50 цевка, со нова Ф90 полиетиленска цевка. Исто така паралелно се работи и на една од најстарите водоводни линии во општина Прилеп на улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ каде што во тек е реконструкција во должина од 80 метри на која што се опфатени 10 приклучоци и старата водоводна мрежа се заменува со нова Ф63 полиетиленска линија”-истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави