РАЈСКА УБАВИНА: Во предвечерието на храмовата слава на “Стара црква” е поставено Благовештението на Пресветата Богородица
Во предвечерието на храмовата слава на “Стара црква” е поставено Благовештението на Пресветата Богородица. Имено, утре е празникот “св. Благовештение”-славата на Стара црква која е најголемиот христијански храм во Прилеп. Овој најголем христијански православен храм, како и секоја година, така и оваа, достојно како што доликува, ќе го одбележи големиот христијански празник св.Благовештение-празникот кој што ни ја соопштува убавата, блага пријатна вест со која започнува спасението на луѓето и обновата на созданието, преку најавата за раѓањето на нашиот спасител-Господ Исус Христос.