Прилепскиот градоначалник почесен гостин на Управниот одбор на MATTO
Денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, беше почесен гостин на Управниот одбор на MATTO (Стопанска комора на Македонија-Турција), при што оствари конструктивна работна средба со претставници на сериозни компании, каде што се разговараше за продлабочување на економската соработка преку можностите што ги нуди општина Прилеп.
“На средбата ги претставив потенцијалите на општината како стабилна и подготвена деловна средина, со јасна поддршка за секој сериозен инвеститор и со силна ориентација кон нови партнерства и заеднички проекти.
Верувам дека ваквите директни разговори се важен чекор кон привлекување идни инвестиции, отворање нови работни места и понатамошен економски развој на нашиот град. Продолжуваме посветено да работиме за подобра економска перспектива на Прилеп и за посилна соработка со бизнис-заедницата.
Искрена благодарност за поканата и укажаната можност за средба и промоција на Прилеп до комората, како и до претседателот Ајдован Адемоски, за отвореноста и подготвеноста за унапредување на заедничката економска соработка”– истакна Проданоски.


















