Крушево од 19 до 21 јуни ќе пулисира во знакот на најновото издание од “Guitar-Fest”
КРУШЕВО ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ЦЕНТАР НА ГИТАРСКАТА УМЕТНОСТ!
Со голема чест ве покануваме на XVII International P.S. Guitar-Fest Krushevo, кој ќе се одржи од 19 до 21 јуни 2026 година во прекрасното Крушево, во спомен-куќата на Тоше Проески.
Три дена исполнети со врвна музика, емоции и маестрални изведби од реномирани гитаристи и млади таленти.
Концертна програма
19 ЈУНИ | 20:00ч
Милош Вуковиќ – Србија
20 ЈУНИ | 20:00ч
Duo Artissimo – Романија
21 ЈУНИ | 12:00ч
Финален концерт на учесниците од школата за гитара
Ментор: м-р Васко Пиличев – Македонија
Локација
Спомен куќа на Тоше Проески – Крушево
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН ЗА СИТЕ КОНЦЕРТИ
Дозволете музиката да ве однесе на едно незаборавно патување низ звуците на класичната гитара, во срцето на Крушево.


















