Богата програма! ВД Директорот Влатко Илиевски ја претстави годишната програма на битолскиот Центар за култура, поддржана од Министерството за култура и туризам

Сподели го ова:





























Денеска во малата сала на Центарот за култура Битола се одржа прес-конференција на која учествуваа ВД Директорот Влатко Илиевски и диригентот Владимир Димовски. Тие ги претставија деталите за претстојниот концерт „Засекогаш во срцата“, кој ќе се одржи на 22 март 2025 (сабота) во 19:00 часот во Големата сала.

„Засекогаш во срцата“ е концерт посветен на нашата најголема поп-икона, чиј живот за жал прерано заврши. Во претходните години концертот го посветувавме и на други ѕвезди како Пепи Бафтировски, Драган Каранфиловски Бојс, Аки Ракимовски, но оваа година тој е посветен исклучиво на Тоше.“

Настапуваат:

✨ Ѓоко Танески

✨ Наде Талевска

✨ Димитар Андоновски

✨ Ана Петановска

✨ Горан Наумовски

✨ Бојан Стојков

✨ Мина Блажев

✨ Јасна Димитровска

✨ Марија Митровска

✨ Ангела Илиевска

✨ Хоровите „Битвокс“ и „Тин Попрокет“

За првпат оваа година, ќе биде изведена песната „За овој свет“ со деца од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ и Центарот „Порака“, кои ќе ја изведат со знаковен јазик.

ВД Директорот Влатко Илиевски ја претстави и годишната програма за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам. Програмата вклучува:

од областа на драмската дејност:

26-ти Интернационален фестивал на монодрама Битола

Гостување на НУ Македонски народен театар – Скопје со претставата „Иванов”, автор А.П. Чехов, режија Зоја Бузалковска

од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема:

Замена на кино-платно во голема сала

од областа на музичката и музичко-сценската дејност:

„Патување низ ехото на претците”

Концерт на Филхармонија на РС Македонија со диригент/солист Анна Кондратенко

„Засекогаш во срцата 2025″

17-ти Фестивал на музика од светот-Битола 2025 „Festival of World Music-Bitola 2025″

од областа на фолклорна дејност:

55-ти Републички фестивал на народни песни и игри

„Илинденски денови” Битола 2025

„Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени”

„17-ти по ред Семинар за традиционална музика и игра”

Материјални трошоци за работа на установата

од областа на визуелната уметност, архитектурата и дизајнот:

Единаестта по ред Детска ликовна работилница „Народната култура трајна инспирација во моето

творештво” 2025

КУЛТУРЕН МОД-МОЈОТ МОДЕН ОТИСОК

50-та ДРЖАВНА ИЗЛОЖБА НА ДЕТСКИ ЛИКОВНИ

ТВОРБИ НА ТЕМА „НАРОДНАТА КУЛТУРА КАКО Трајна ИНСПИРАЦИЈА ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО” БИТОЛА -2025

Фото конкурс и изложба на уметничка фотографија

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ 1973-1983 „Фото споменар од Атанас Нашоку-Саку”

ИЗЛОЖБА „Магма” Групна изложба

УРБАНИ АПСТРАКЦИИ”

„40 години ЧОКАНЧЕ”

Фото споменар-Војводите од „Комитското”




Сподели го ова:

Слични објави