|

Пред 17 години на денешен ден, Тоше со неговиот џип од Прилеп замина кон Скопје, и не се врати повеќе! Почивај во мир ангелу наш!

Сподели го ова:


























Песните на Тоше се минато, сегашност и иднина за нашите генерации кои длабоко во себе ќе го чуваат и негуваат споменот за Тоше, нашиот Тоше, човекот кој што ги обедини сите како едно, за кого неговиот живот искажан преку песна беше Игри без границии, страници кои останаа празни-недоиспишани, меѓутоа неговите фанови преку љубовта и почитта која што до ден денес ја чувствуваат кон него, преку солзи, стихови и спомени ги испишуваат неговите страници, животни страници кои што не успеа да ги испише самиот тој…

На денешен ден пред 16 години (15.10.2007) помина низ Прилеп со неговиот џип за последен пат, а потоа замина кон Плетвар за да стигне во Скопје на емисија во “Вртелешка”, кај Весна Бејби Петрушевска. Тоше на секое негово патување од Крушево поминуваше низ Прилеп, а понекогаш знаеше да застане кај неговиот вујко кој исто така живее во Прилеп, да се напие кафе во прилепските локали, да наполни гориво на прилепските бензиски станици…. Прилеп освен тоа што емотивно го врзуваше Тоше со дел од неговата младост, сепак во нашиот Прилеп, Тоше Проески одржа два големи концерти, од кои што едниот беше во спортската сала “Македонија”, а другиот беше во универзалната сала во Прилеп, односно на единствените најголеми места во Прилеп во тоа време кои што можеа да соберат најмногу публика, бидејќи за концертите од Тоше, секогаш се бараше билет повеќе!

Прилеп вечно ќе се сеќава на Тоше, ангелот за кого неговата насмевка и неговите песни беа негов официјален препознатлив знак -насекаде во светот.




Сподели го ова:

Слични објави