СО ЉУБОВ ЗА ТОШЕ: Голем концерт во Крушево по повод 16 години од неговиот последен концерт кој Тоше го одржа на стадионот во Скопје
На 5-ти октомври на Платото пред Спомен куќата на Тоше, ќе пееме во негова чест. На концертот ќе бидат неговите пријатели, музичари, пеачи, фанови, почитувачи и сограѓани, кои преку песните на Тоше ќе се потсетат на неговите безвремени хитови.
Со овој концерт, ќе бидат означени цели 16 тажни и тешки години од последниот одржан концерт во Скопје без нашиот Тоше – најпознат пејач на сите времиња!!!
05.10.2023
19 часот
Плато пред Спомен куќа Тоше Проески