Талентираната Георгина Ѓорѓиоска оваа година ќе настапи на Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

На најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022, ќе пее и четири годишната Георгина Ѓорѓиоска од Прилеп. Имено, оваа кукличка има само четири години, поседува голема способност за пеење, цртање, а исто така е дел и од тимот на “Зумба АНА”. Оваа година на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, Георгина ќе настапи со песната “Братче мое”, песна која Георгина пеејќи ќе ја посвети на нејзиното помало братче. Музиката и текстот за оваа песна, специјално ги направи Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така оваа песна си доби и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски. Песната “Братче мое” која што песна Георгина Ѓорѓиоска ќе ја испее оваа година во месец мај на Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, е таква песна која што целосно ја отсликува посветеноста на Георгина кон нејзиното помало братче. Авторот на песната-Гоце Илиески Балада за “STANICA.MK”, изјави дека се надева дека преку текстот за песната “Братче мое” целосно ја има доловено реална слика за љубовта на четири годишната Георгина кон своето помало братче. Како изгледа оваа совршена детска музичка композиција-ќе слушнете оваа година во месец мај на големата спектакуларна фестивалска сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Според возраста на Георгина, самата таа ќе настапи со оваа песна во детскиот блок на фестивалот бидејќи тука пеат деца од 4 до 10 години, а како и секоја година, така и оваа, после детскот музички блок следува тинејџерскиот музички блок каде што настапуваат учесниците од 11 до 15 години. Минатата година, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во Прилеп на своето трето фестивалско издание беше прогласен за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!
