Прилепчанецот Михаил Богданоски по втор пат ќе пее на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Најактуелниот детски музички фестивал кој прерасна во МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД!!!

Сподели го ова:


Прилепчанецот Михаил Богданоски оваа година по втор пат ќе пее на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022, кој што ќе биде во почетокот на Мај оваа година во НУЦК “Марко Цепенков”-Прилеп на голема спектакуларна фестивалска сцена. Имено Михаил Богданоски минатата година пееше на овој Детски музички фестивал во дует со неговата сестра Теона, при што двајцата ја испеаа песната “Сестра и братче”, песна која стана голем детски хит и постојано се пушта во утринските детски тв музички блокови на повеќе ТВ. Задоволен од соработката од минатата година, Михаил одлучи и оваа година да настапи на “Весели Ѕвончиња by JANA”-фестивалот кој што создава убави детски музички спомени. Некако на Михаил му тргна со дуетите на овој детски фестивал, па врз основа на тоа, и оваа година на овој најајтуелен детски фестивал ќе настапи со една екстра детска песна која ќе ја испее во дует, меѓутоа овој пат тоа е една друга слатка девојка, а за која девојка станува збор, ќе Ви откриеме во наредните објави. Како и да е, она што моментално се знае, е дека чичко Гоце Балада специјално прави една атрактивна детска музичка песна и подготвува еден впечатлив текст за Михаил, а чичко Рубин Димкоски за оваа песна прави екстра модерен аранжман. Според возраста, Михаил ќе настапи во детскиот музички блок на овој детски музички фестивал, а веднаш после овој блок, следи и тинејџерскиот музички блок каде што настапуваат тинејџерите-учесници на фестивалот до 9-то одделение. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!





Сподели го ова:

Слични објави