| |

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: 49-то издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Сподели го ова:





























Започна Фестивалот на изворниот мелос, со многу гости и над 300 учесници од сите краишта на земјава во центарот на Прилеп.

Вечерва и утре на Рудина кај Долнени, ќе ги разлеат гајдата, кавалот, зурлите, тапаните и ќе ги изведуваат изворните песни што се дел од богатото македонско фолклорно наследство.

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески официјално го отвори Фестивалот, при што истакна:

„Чест ми е што нашата Локална самоуправа и оваа година е поддржувач на овој значаен фестивал кој што скоро 5 децении го пренесува на новите генерации богатото, национално изворно творештво на Република Македонија. По иницијатива на светско познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски, етномузикологот Живко Фирфов, Илија Лашкоски и други ентузијасти во 1974 година се одржал првиот регионален натпревар во гајда. Овој Фестивал е единствен од ваков тип во Македонија и на Балканот, преку кој што го негуваме и одржуваме изворниот мелос и богатата фолклорна традиција. Упатувам голема благодарност за целокупната организација до Уметничкиот директор на Фестивалот, секретарот, техничкиот секретар и на сите останати кои што се вклучени. Честитки и благодарност и до сите изведувачи кои што ќе настапат на Фестивалот и кои што со своето учество придонесуваат во зачувувањето на нашата препознатлива македонска песна и македонско оро.

Ви посакувам успешни фестивалски денови и заедно да уживаме во изворната музика.“ – истакна Јовчески.

Инаку, во ревијалниот дел настапи и националниот ансамбл ,,Танец”.




Сподели го ова:

Слични објави