|

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ ЗА УЧЕСТВО НА “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА”: Калеша Крстеска по четврт пат ќе пее на најпопуларниот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:


























Како резултат на светскиот квалитет на песните, детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA”, скоро 7 години е носител на титулата “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо – ширум цела наша земја, а и надвор од неа. На фестивалот учествуваат деца од цела наша земја од 4 до 15 години, во детскиот и тинејџерскиот музички блок на фестивалот.

Имено, денеска Ви ја претставуваме Калеша Крстеска која по четврт пат ќе пее на фестивалот “Весели Ѕвончиња by JANA” – наредната 2025 година. Авторскиот тим на фестивалот Гоце Илиески-БАЛАДА и Јана Илиеска моментално работат на текстот и музиката на најновата песна на Калеша Крстеска која носи наслов “Маче мало”, додека пак аранжманот на оваа песна ќе биде дело на Рубин Димкоски од групата Меморија.

Инаку Калеша доаѓа од Прилеп, сака да пее и црта, а најмногу го сака нејзиното маче, а во таа чест авторскиот тим на песните од фестивалот и ја исполни желбата, при што и подготвува специјална детска песна која е посветена на нејзиното мало маче. Како ќе звучи песната?? Тоа ќе го дознаете наредната година во НУЦК “Марко Цепенков”-Прилеп на детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” фестивал кој што претставува “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание, кое ќе се одржи во првата половина од 2024 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/ 867-169. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за седмото фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA, и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!




Сподели го ова:

Слични објави