|

Вчера, прилепските Весели Ѕвончиња направија вистински огромен детски спектакл

Сподели го ова:
























Вчера во Прилеп, во 11 и 19 часот во Центарот за култура “Марко Цепенков”-се одржа најпопуларниот и најомилениот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кој го одржа своето четврто фестивалско издание. Во текот на вчерашниот ден за време на двете фестивалски претстави, прилепските Весели Ѕвончиња направија вистински- огромен детски спектакл во кој уживаше присутната публика. Имено, како и секоја година, така и оваа, се бараше билет повеќе за овој фестивал. Вчера двете фестивалски претстави беа исполнети до последното место, при што публиката уживаше во новите детски хитови. Фестивалот го водеше Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче. Инаку веќе од оваа среда 11.05.2022, започнуваат аудициите за петтото фестивалско издание за наредната 2023 година на најпопуларниот и најомилениот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, при што сите заинтересирани за учество, можат да се пријават на телефонскиот број на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”: 078/66-77-97. Бидете и Вие детска музичка ѕвезда-бидете “АС”, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за наредното петто фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2023.

Вчера двете фестивалски претстави беа исполнети до последното место, при што публиката уживаше во новите детски хитови. Фестивалот го водеше Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче. На втората фестивалска вечер, беше присутен и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој што уживаше во песните на Веселите ѕвончиња. Воедно, исто така, Јовчески се обрати и пред присутната публика при што истакна:

Почитувани родители, почитувани гости од Прилеп и од останатите други градови од нашата убава Македонија, на почетокот сакам да Ве поздравам и да Ви посакам добрoдојдовте на годинешното издание на нај-актуелниот, и нај-популарниот, детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Имено како што знаеме и сите, овој фестивал е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД”, светски – меѓутоа сепак наш прилепски, што како градоначалник ми претставува посебно задоволство. На крајот, сакам да нагласам дека Општина Прилеп и јас како Градоначалник, секогаш ќе даваме поддршка на овој фестивал кој што претставува прилепски и македонски детски музички амасадор насекаде во светот. Да се препуштиме на детската песна, и вечерва заедно со сите Вас, Ве поканувам заеднички да уживаме во најновите детски музички хитови од детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022″-истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави